|
Нашата асоцијација со седиште во Прилеп во Бизнис Центар Кат 2 , има за цел да ги информира во целост идните Морнари за работата и животот на брод . Исто така и нивна поддршка се додека трае нивното вработување на преку океанските бродови .Информациите кои се достапни на сите идни Морнари се базираат на претходните искуства од постарите Морнари и луѓето кои се тесно поврзани со работата на брод. Единството на сите Ние и меѓусебната подршка е единствен начин за успех на Македонскиот Морнар на овие компании.Едукацијата и информациите за овој начин на живеење секогаш треба да бидат во корист на Македонскиот Морнар .Досегашните искуства говорат дека Ние сме добри работници секаде во светот ,но фалат работи од страна на информираност и квалификација на нашите идни Морнари .Само со взаемна подршка и несебичност спрема идните Морнари и нивно правилно насочување,успехот на секаков план Материјален и Морален ќе биде целосен.
Која е причината за еден млад човек да го смени начинот на живеење и да почне да работи на овие компании:
1.СИТУАЦИЈАТА ВО КОЈА СЕ НАОЃАМЕ МОМЕНТАЛНО ВО НАШАТА МАКЕДОНИЈА
2.НЕВРАБОТЕНОСТА
3.ШАНСА ДА СЕ ДОКАЖЕШ И ДА ОБЕЗБЕДИШ ИДНИНА ЗА СЕБЕ И СВОИТЕ НАЈБЛИСКИ .
-Нашата асоцијација има повеке од 1400 членови и досегашните искуства говорат дека на брод успева млад човек кој знае дека работата на брод пред се ќе му донесе материјална основа во понатамошниот живот ,млад ,човек кој не се плаши да биде самостален и напорно да работи за целите кои сака да ги оствари ...Работата на брод важи како најдобра шанса за еден млад човек пристојно да заработи и да се осамостои....
Биди Морнар и Придружи се ......
Сите овие , и подетални информации ви се достапни во
Seaman Association Macedonia
Business Centar “Kuzman Josifoski Pity “Lok.107
Prilep –Градот на морнарите,7500,Macedonia
Tel:+389 48 428 770
Биди Морнар !
Freedom Of The Seas
PRINCESS CRUISES
|